HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Камења и солзавци на Косово: Албанците не им дозволуваат на Србите да слават Голема Богородица

Видео: Камења и солзавци на Косово: Албанците не им дозволуваат на Србите да слават Голема Богородица

Големи немири од рано утрово има во Косово, во областа на Мушутиште, кај Сува Река. Повеќе стотици демонстранти со албански знамиња и транспаренти на УЧК, го блокираа патот кон остатоците од манастирот посветен на Успението на пресвета Богородица, а за каде беше најавена богослужба за христијанското население во тој дел од Косово.

Ангажирани се косовските специјалци, кои треба да обезбедат кордон за безбедно транспортирање на српските верници кон манастирот. Сепак дојде до судири, во кои демонстрантите почнаа да фрлаат и со камења кон полицијата, која пак, за да ја растера толпата употребила и солзавец. Неколку лица се уапсени.
protesti kosovo srbi bogorodica
Околу 150 раселени Срби се наоѓаат во три автобуси и чекаат да се создадат услови за безбедност за да го продолжат патот кон Мушутиште, а меѓу нив е и министерот за враќање, Далибор Јевтиќ. „Се повторува Ѓаковица, некој го користи истиот рецепт и на тој начин се испраќа порака дека Србите не се добредојдени”- вели Јевтиќ.

Демонстрантите се собрале од десет часот утринава, а се организирале претходно откако беше најавено дека група од 150 Срби ќе дојдат во селото за да го прослават празникот на местото каде некогаш постоел манастирот, а кој бил разурнат од страна на припадниците на УЧК за време на војната во Косово.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com