HomeДЕНЕШНАСвет(Видео) Италија: Судир на два воза, најмалку десет загинати

(Видео) Италија: Судир на два воза, најмалку десет загинати

Најмалку десет луѓе загинале и десетици се повредени во директен судир на два воза на југот на Италија, соопшти претставник на пожарникарската бригада. Екипите за брза помош се веќе на местото на несреќата каде се обидуваат да им помогнат на повредените, јавуваат италијанските медиуми.

Натаму патуваат и претставници на Министерството за транспорт, кои треба да ги утврдат причините за директниот судир на возовите.

Несреќата се случила во близина на градот Бари на италијанскиот јадрански брег, меѓу малите гратчиња Андрија и Корато. Железничкиот сообраќај е прилично популарен во тој дел од Италија, но сѐ уште нема информации за точната бројка на повредени.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com