HomeРЕФЛЕКТОРМузикаВидео: Иселениците се фатија за Александрово оро

Видео: Иселениците се фатија за Александрово оро

Патриотизмот кај голем број на иселеници во Австралија е пуштен на стотка, а доказ за тоа е и ова чудо од преработка на традиционално македонско оро посветено на војсководецот Александар Велики. Да не се разбереме погрешно, немаме ништо против историјата на Античка Македонија и цивилизациското наследство, но овој „уметнички“ потфат има нешто згрешено во чекорите.

Играорци кои мафтаат со мечови, бесна графичка позадина, две минути најава со сите бурекџилници во Австралија како главни спонзори, па дури и лажна брада за актерот кој глуми паднат Вилип Втори. Погледнете сами и пресудете.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com