HomeДЕНЕШНАСветВидео: Ирачката војска почна пресметка со џихадистите, жестоки борби во Фалуџа

Видео: Ирачката војска почна пресметка со џихадистите, жестоки борби во Фалуџа

Ирачките елитни сили утринава влегле во градот Фалуџа за да ја избркаат Исламска држава од џихадистичкото упориште само 50 километри западно од Багдад. „Ирачките сили влегоа во Фалуџа со воздушна поддршка од меѓународната коалиција и ирачкото воздухопловство, како и со помош од артилеријата и тенкови“, изјави генералот Абделвахаб ал Сади, командантот на операцијата.

„Силите на антитерористичката служба (ЦТС), полицијата на покраината Ал Анбар и ирачката војска почнаа да влегуваат во Фалуџа од три правци околу 3 часот утринава. Постои отпор од страна на ИСИС“, потврди генералот. Портпаролот на ЦТС, Сабах ал Номан за франс прес изјави: „Рано утринава ја нападнавме Фалуџа“.

Во офанзивата почната пред една недела за преземање на Фалуџа, ирачките сили веќе ги вратија селата и областите околу џихадистичкото упориште под своја контрола.

Елитните единици ЦТС ги предводеа нападите на неколку градови во Ирак преземени од џихадистите во последните две години. Нивното учество означува нова фаза во офанзивата на Фалуџа, првиот град кој падна во рацете на ИСИС во јануари 2014, пред џихадистичката офанзива која почна пет месеци подоцна. Таа ѝ овозможи на џихадистичката група да заземе големи области во Ирак, вклучувајќи го Мосул, вториот град во земјата, кој сѐ уште е под контрола на терористите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com