HomeДЕНЕШНАСветВидео: Избегнат инцидент помеѓу телохранителите на Ердоган и американски агенти

Видео: Избегнат инцидент помеѓу телохранителите на Ердоган и американски агенти

Претставници на американските специјални служби и телохранителите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за малку ќе се степаа поради местото покрај автомобилот на турскиот претседател, пренесе турскиот сајт на „Гласот на Америка“.

Откако Ердоган од хотелот седнал во автомобилот за да тргне кон културниот центар „Мохамед Али“, соработник на американските специјални служби во рамки на протоколот планирал да застане покрај вратата која се затворила зад турскиот претседател.

Еден од телохранителите на Ердоган сакал да застане на истото место, но бил спречен во тоа. Дури откако се вмешале други претставници на специјалните служби судирот бил спречен.

Ердоган во САД допатува на погребот на легендарниот боксер Мохамед Али, во родната држава на спортската легенда Кентаки. Сепак, како што јави весникот „Хуриет дејли њуз“, турскиот претседател си заминал еден ден порано од планираното, а не ни присуствувал на погребот.

Според турскиот весник, одлуката да ја прекине посетата е поврзана со низата одбивања со кои Ердоган се соочил во САД. Пред сѐ, при последната молитва не му било дозволено ковчегот да го прекрие со ткаенината од Ќаба. Според други извори, не му било дозволено ни да прочита дел од Куранот.

Пред да пристигне во САД, Ердоган бил избришан од списокот на оние што можат да одржат говор на погребот, наводно поради ограниченото време.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com