HomeДЕНЕШНАПолитикаВидео: Иванов „ги испра“ сите гревови на функционерите – Аболиција за сите

Видео: Иванов „ги испра“ сите гревови на функционерите – Аболиција за сите

Претседателот на Република Македонија почна да ги остварува овластувањата кои Уставниот суд му ги врати за помилување на сторители на изборен криминал и изборни измами.

Ѓорге Иванов поднесе општ акт за прекинување на сите кривични постапки против лица од власта и од опозицијата за како што рече, зачувување на државните и националните интереси и ова го гледа како начин за излез од политичката криза. Тој најави дека и во иднина ќе продолжи да ја применува оваа мерка која неодамна во раце му ја даде Уставниот суд. Иванов рече дека е подготвен да ги поднесе сите критики кои по оваа одлука би стигнале на негова адреса, но убеден дека донел исправна одлука.

Иванов во обраќањето до јавноста посочи дека донел одлука и за амнестија на веќе осуден за аферата прислушување. Станува збор за Звонко Костовски осуден во случајот „Пуч“. Со оваа одлука на претседателот се прекинуваат сите постапки и на Јавното обвинителството и на Специјалното јавно обвинителство, односно би требало тука да влезат предметите „Пуч“, „Титаник“, „Тортура“, и „Тврдина“ во кои меѓу првоосмнчените се лидер на опозицијата, поранешни министри и високи функционери од власта.

Целосното обраќање на претседателот Иванов.

Со првична реакција за одлуката на Иванов се огласи Амбасадата на САД во Скопје. „Бараме повеќе детали и појаснување. Сепак, изјавата на претседателот покренува сериозна загриженост околу заложбата на Македонија за владеење на правото“, велат од американската амбасада.

ЛДП исто така реагираше, актот на Иванов да ги прекине сите кривични постапки што се водат против политичарите во Република Македонија и од власта и од опозицијата, е погазување на правната држава, уривање на уставниот поредок, судството како независна власт, а со самото тоа, дава поддршка на фалсификуваните избори, корупцијата и злоделата на врхушката на власт. Оваа одлука на Иванов де факто значи поништување на Договорот од Пржино и укинување на Специјалното Јавно Обвинителство. Претседател, кој е избран на нелегитимни и лажирани избори не смееше да помисли на ваков “луксуз„“, вели ЛДП. Партијата го повикува Ѓорѓе Иванов „веднаш да си поднесе оставка и да не се обидува да лаже и да ја замајува јавноста дека ова го сторил за да помогне во разрешување на политичката криза“.

видео:А1он

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com