HomeДЕНЕШНАСкопјеВидео: Зошто Стевче Јакимовски не оди на работа со точак? #Ај да те видам

Видео: Зошто Стевче Јакимовски не оди на работа со точак? #Ај да те видам

Неколку велосипедисти од новата иницијатива „Ај да те видам“ се прашуваа зошто градоначалникот на Општина Карпош Стевче Јакимовски не оди на работа со велосипед, па решија да ја откријат мистеријата. Тие возеа од неговиот дом, до работното место за да проверат, па од она што го забележаа направија кратко видео. Тие го предизвикуваат Јакимовски да се качи на точак и да види како им е кога возат низ општината.

„На ул. „Козле“, каде што печаците и велосипедистите мора да се симнат на улица затоа што возачите им ги окупираат тротоарите. Да беше велосипедист, градоначалникот ќе знаеше за ова. Велосипедската патека по бул. „8-ми септември“ е во многу лоша состојба, единствено на бул. „Илинден“ е пристојно одржана. Патеките за точаци во Карпош само така се викаат. Немаат сигнализација, коловозот е стар и нерамен, дупки и рабници има насекаде. Можеби ако градоначалникот се возеше со точак, наместо со џип ќе го знаеше сево ова и ќе инвестираше повеќе во инфраструктурата и безбедноста на точаците во Карпош – се вели во видеото.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com