HomeАНТИСТРЕСЖуркиВидео: Запознајте ги изведувачите на Баскер фест 2016

Видео: Запознајте ги изведувачите на Баскер фест 2016

Баскерфест, уличниот театар под отворено небо и оваа година ќе ни донесе атрактивни баскер изведувачи од целиот свет. Од 10 јуни па се до 19 јуни, во Скопје на градскиот плоштад „Македонија“ , а и во повеќе градови низ државата ќе имаме можност да уживаме во многу улични перфморманси, баскер точки и музички настапи. Погледнете дел од артистите кои секојдневно ќе ги забавуваат посетителите:
Blink Circus- Тоа е патувачка уметничка инсталација и е единствена во целиот свет! Патувачко шоу во стилот на 20-тите години. Тоа е најмалата уметничка галерија, која содржи фотографии направени во надреалистички-циркуски стил во минијатура, направени од уметникот Лоренцо Мастројани. Сите 130 фотографии може да се набљудуваат ексклузивно со лупи и специјални лампи, кои ќе им се дадат на посетителите од страна на  уметникот, на влезот на маркизата.

Mr. Copini- Она што започнало како жонглерска и магионичарска кариера, се претворило во глума на многу улици и плоштади во светот. Во своето шоу тој меша импровизација и циркуски вештини, без да заборави на хуморот, универзалниот јазик со кој се поврзува со секого, било каде на планетата.

Ome dual-  Работи на оригинална и креативна сценска изведба од 1997 година. Учењето на движењето, состојбите, прецизност на телото и внатрешната активност, е јадрото на концептот на сите креации од самиот почеток.


Mr. Bugiganga е уличен уметнички изведувач, презентиран од страна на ликот наречен „латино љубовник“, кој ја заведува публиката со хумор и евтини трикови. Користејќи ги техниките на илузија, кловн, современа мимика, жонглирање, физичка комедија и други бесмислени комичности, овој лик ја манипулира реалноста кога игра со неговите алатки и магични апарати.

Cotzani and Wendy- Гледачите тивно се прашуваат за безбедноста на партнерот и пулсот и го насочуваат да го фрлат ножот, генерираат посебна клима на напнатост и внимание, со која публиката е сеуште шокирана со тоа што се случува на сцената. Шокантен број полн со неизвесност и сензуалност.

Diogo Alvares е бразилски мастер манипулатор, кој ја нарекува Европа свој дом. Неговата изведба е тивка, со музичка позадина. Тој ја придобива публиката едноставно со неговата вештина да манипулира со карти, топки за билијард, цигари, и многу други штосни предмети.
Vinyl Burns – Магијата, музиката, интеракцијата и смеата на физичка комедија и кловн. Спектакуларен уличен изведувач кој ги оживува улиците. Возбудлива, семејна, весела забава, која создава возбудлива атмосфера.
Brostreets-H
Од поистакнатите светски баскер артисти, Македонија ќе ја посетат и Uni Pro Show, Willy Wonder, Suad Demirovic, Perfomer Monk, Brostreets,  Mui Moi show, Golden Branch,  Miyako, Circolya La Follia, Rulas Quetzal, Ventura Moriya Ya-ya,  Martin Melinski и многу други.
Оваа година Баскерфест 2016, традиционално поддржан од Град Скопје ветува одлична забава за сите посетители.  Бидете дел од позитивните вибрации кои ќе го зафатат нашиот град.
Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com