HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Заеднички митинг на опозицијата и власта на Таксим

Видео: Заеднички митинг на опозицијата и власта на Таксим

Илјадници приврзаници на најголемата опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) и на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) учествуваат на митинг на истанбулскиот плоштад Таксим. Целта на митингот е да се осуди обидот за воен удар во Турција.

Организатор на митингот е ЦХП, а со цел да се искаже патриотско единство на собирот се приклучи и АКП на Ердоган. Првпат приврзаниците на опозициската ЦХП и на владејачката АКП учествуваат на заеднички митниг.

– Обидот за воен удар уште еднаш ни покажа колку вредни за нас се демократијата и слободите, изјави пред митингот заменик-претседателот на ЦХП, Енгин Алтај.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com