HomeДЕНЕШНАПолитика(Видео) Заев: Постигнат е договор за граѓаните и за излез од политичката криза

(Видео) Заев: Постигнат е договор за граѓаните и за излез од политичката криза

„Овој договор што се постигна е пред се и над се поголем договор за граѓаните на Република Македонија и е излез од политичката криза. За СДСМ е поволен Договорот којшто го постигнавме заради тоа што ги обезбедува чекорите за исполнување на минимум двата услова, а тоа е минимум регулација на медиумите преку формирањето на ад-хок телото, но секако и допрочистување на Избирачкиот список онолку колку што е можно“, изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

-Со овие две фази очекуваме избалансирано известување на медиумите, очекуваме почитување на професионалните стандарди, етичките кодекси, не ширење омраза од страна на медиумите во Република Македонија се со конечна цел да дадат подобро изразување на слободна волја на граѓаните. Истовремено процесот ДИК што треба да го заврши во наредните 30 дена, а на крајот ќе го констатираме ние лидерите на четирите партии, треба да го предочи конечниот Избирачки список за наредните парламентарни избори којшто конечно нема да биде 1.813.000 или 1.804.000, туку ќе биде помеѓу 1.550.000 и 1.580.000. Тоа е веќе нешто ново, нешто фер, целосно се отстранува можноста да се злоупотребат евентуално гласачи во Избирачкиот процес, дополнително и тоа ја гарантира слободно изразената волја на граѓаните – нагласи Заев.

Тој рече дека Социјалдемократскиот сојуз, целиот овој период се обидува да стави крај на историската голгота и застрашувачката деструкција на виталните државни и национални интереси на современата држава Република Македонија од страна на Никола Груевски и неколкумина околу него.

– Граѓаните на слободни и демократски избори ќе го покажат патоказот по којшто ќе се движиме во годините на нашите најголеми предизвици и искушенија. Сакал Никола Груевски или не, граѓаните имаат право на слободни и демократски избори и таквите избори набрзо ќе се случат во Република Македонија – заклучува во изјавата Заев.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com