HomeДЕНЕШНАПолитикаВидео: Заев побара од банките да не ја купуваат обврзницата

Видео: Заев побара од банките да не ја купуваат обврзницата

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев пред Летниот камп на СДММ „Боите на револуцијата“, што се одржува во Охрид ја повика власта да ја промени одлуката од 650 милиони евра на не повеќе од 250 милиони евра. Исто така побара од банките да не ја купуваат обврзницата.

„Од тие причини јавно апелирам преку овие камери, власта да ја промени одлуката од 650 милиони евра на не повеќе од 250 милиони евра. За тоа и ќе се потрудиме да имаме разбирање. Го кажувам јавно затоа што знаеме дека оваа Влада е неразумна и троши буквално забегано на глупости. Дојдено е да мора 250 милиони евра да се земат кредити, заради тоа што ќе банкротира државата. Но, 650 милиони евра ново задолжување на граѓаните, тоа е недозволиво“.

Заев ја оцени економската политика на Владата како финансиско злосторство.

„Јавно апелирам и замолувам и до „Сити Банк“, и до „Дојче банка“ и до сите потенцијални купувачи на обврзницата. Во името на децата на граѓаните на Македонија да не ја купуваат оваа обврзница ако сакаат да имаат разбирање за сите идни генерации во Република Македонија“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com