HomeДЕНЕШНАСветВидео: Експлозија во Париз, највисок степен на тревога

Видео: Експлозија во Париз, највисок степен на тревога

Експлозија во Париз, во централниот дел на градот, Монтпарнас, на левата страна на Сена. На твитер се појавија и првите слики од местото на настанот каде што се гледаат урнатини и чад. Има информации и за евакуација на граѓани.

francija eksplozija

Неофицијално, според првичните информации најверојатно не станува збор за терористички напад туку за експлозија поради протекување на гас.. Иако се смета дека не е терористички напад, во областа е прогласен највисок степен на тревога. Сите пристапи кон местото се блокирани.

francija eksplozija4

„Дејлимејл“ пренесува дека експлозијата се случила во зграда во која имало адвокатски канцеларии, бизнис-кабинети и претпријатија од телекомуникацискиот бизнис. Експлозијата уништила неколку ката од зградата лоцирана во квартот Монпарнас, на левиот брег од течението на реката Сена.

francija eksplozija3

На самото место има околу 150 пожарникари кои ја обезбедуваат локацијата и пребаруваат евентуални жртви или повредени. Досега е потврдено дека пет лица се здобиле со телесни повреди.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com