HomeДЕНЕШНАСветВидео: Експлозии во болница во Франција, пациентите итно евакуирани

Видео: Експлозии во болница во Франција, пациентите итно евакуирани

Во болница во јужна Франција одекнале две експлозии, по што пациентите итно се евакуираат. По експлозиите во болницата се избил пожар. Локалните власти предупредуваат луѓето да го избегнуваат подрачјето околу болницата за да не им пречат на спасувачките служби.

Како што пренесуваат француските медиуми, во болницата експлодирале две боци со гас. Неколку пожарникарски возила се на лице место, а локалните медиуми јавуваат дека на неколку метри од болницата се пронајдени плински боци за кои се претпоставува дека се причина за експлозиите. Боците биле полни со ацетилен – гас кој се користи како гориво. Медиумите пренесуваат и дека експлозиите се случиле во зградата на болницата каде се наоѓала пералната.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com