HomeДЕНЕШНАРепублика(Видео) Детали од МВР за апсењето на џихадистите во акцијата „Ќелија“

(Видео) Детали од МВР за апсењето на џихадистите во акцијата „Ќелија“

Министерството за внатрешни работи по спроведена сеопфатна истрага поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против С.Р.(26), Б.С.(32), Б.Г.(23), Е.У.(36), Ф.И.(31) сите од Скопје, М.М.(38) од Тетово и С.И.(27) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело учество во „терористичка организација“, односно припадник или тој што помага на било кој начин по член 394-а став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија.

По спроведените претреси на дом и други простории, по наредба од Основен Суд Скопје 1 Скопје, на седум локации од кои шест во Скопје и една во Тетово, пронајдени и обезбедени се четири од кривично пријавените лица односно Б.Г., Ф.И., Е.У. и М.М., за две лица од кривично пријавените постојат оперативни сознанија дека сеуште се наоѓаат на територија на Сирија, а едно лице Б.С. е во бегство и сеуште е недостапен за органите на прогонот.

-Исто така при претресите кои беа извршени од вчера вечерта до изутринава беа пронајдени и со потврда одземени следните предмети: пет десктоп компјутери, два лап топ компјутери, 19 мобилни телефони, девет СИМ картички, држач за СИМ картици, девет УСБ стикови, 50 ЦД-ња, мемориски картици, заштитна маска, три патни исправи, маица со натпис на арапски јазик „Исламска Држава е Вечна“ и други документи кои ќе бидат предмет на дополнително вештачење, велат од МВР.

Од страна на Јавното обвинителство за четирите лица кои беа обезбедени доставен е предлог за определување на мерка притвор во траење од 30 дена.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com