HomeАЈНШТАЈНИЈААтласВидео: Дедо Љубиша сам си направил хеликоптер, наскоро ќе полета

Видео: Дедо Љубиша сам си направил хеликоптер, наскоро ќе полета

Љубиша Милетиќ од селото Скорице во Србија би требало наскоро да го оствари својот животен сон и да лета со хеликоптерот кој самиот си го направил. Тој изјавил дека нема намера да лета ни високо, ни далеку, туку на некоја од ливадите крај неговото село накракто да го крене хеликоптерот од земја. До идејата да направи свој хеликоптер Милетиќ дошол уште во 1972 година, кога бил војник кој постојано ги обезбедувал воените полигони крај Ниш, Лесковац и Врање на кои слетувале овие летала.

Хеликоптерот со должина околу пет метри и висина околу два ипол метри Милетиќ почнал да го прави во 1985 година по нацртите кои ги добил од своите познаници инженери, пилоти и авиомеханичари.

-Конструкцијата со моторот ја направив сам работејќи деноноќно околу дваесеттина дена. Но, потоа полни дваесет години не успеав да ги набавам пропелерите за целосно да го составам, вели Милетиќ.

-За да го кренам хеликоптерот од земја ми остана уште да ги избалансирам пропелерите и бројот на вртежите да ги зголемам од сегашните 250 на 400 до 420 вртежи во минута, објаснува Милетиќ.

Деновиве тој трага по инженер или пилот кој би му помогнал околу балансирањето на пропелерите, а во меѓувреме се обидува сам да го реши тој проблем.

-Јас сум како Ѓоковиќ, сам против сите. Немам ничија поддршка, никој не ми верува дека ќе успеам да полетам, но тоа сигурно ќе го сторам. Сакам на сите да им докажам дека сум успеал, дека мојот труд не бил залуден, порачува овој ентузијаст кој во целиот негов крај е познат пред сѐ по тоа што за селската изложба направил минијатурен трактор од дрво.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com