HomeРЕФЛЕКТОРМузикаВидео: Дани со нов спот – „Суштина“ доби видео запис

Видео: Дани со нов спот – „Суштина“ доби видео запис

Дани Димитровска со ново видео за песната „Суштина“, која подолго време се врти по радиостаниците. Автор на песната е Весна Малинова-Бабамов, аранжманот е на Кирил Бабамов. „Суштина“ е директно обраќање на трагачот, кој секој од нас е потребно да го разбуди во себе. Трагачот по себеспознание, разбирање и прифаќање на тоа што сум – изјави Дани Димитровска.

Видеозаписот е снимен на повеќе локации, дел во „Порта џез“ во Битола, а дел во „Пивница Мома“ во Скопје, во реализација на „Горила филмс“. Воедно, ова е најава за следниот трет студиски албум на Дани, кој ќе го издаде до крајот на оваа година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com