HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Гумени куршуми и солзавци на забранетата геј парада во Истанбул

Видео: Гумени куршуми и солзавци на забранетата геј парада во Истанбул

Неколку стотици полицајци го опколиле главниот градски плоштад Таксим за да го спречат собирањето на ЛГБТ-популацијата во текот на муслиманскиот свет месец Рамазан, пренесе Франс прес. Турските специјалци пукале со гумени куршуми и фрлале солзавец за да растераат група од околу 50 члена на ЛГБТ-заедницата што се собрале во Истанбул.

Турските власти претходно ја забранија геј-парадата на плоштадот Таксим во Истанбул поради безбедноста на „граѓаните и учесниците“.

Претставници на ЛГБТ-популацијата во Турција ги повикаа своите членови на парада на 19 и 26 јуни, за време на „неделата на гордоста“, додека националистичките и исламистичките сили во Турција се заканија со одржување контрамарш ако се одржи геј-парада.

Минатогодишната парада беше прекината од полицијата, која употреби водени топови и солзавец. На геј-парадите во Истанбул веќе десет години традиционално учествуваат десетици илјади луѓе, а сè до минатата година немаше никакви инциденти.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com