HomeДЕНЕШНАРепублика(Видео) Во Струмица е отворена втората COCA-COLA активна зона

(Видео) Во Струмица е отворена втората COCA-COLA активна зона

Во градскиот парк во центарот на градот, Пивара Скопје и Кока кола компанијата заедно со Општина Струмица ја пуштија во употреба втората „Coca-Cola aктивна зона”. Отворањето на активната зона во Струмица е во рамките на долгорочниот проект „Coca-Cola активни зони” кој ќе се реализира во повеќе општини ширум земјава.

Активните зони се донација од Кока кола компанијата и Пивара Скопје со која се обезбедуваат рекреативно-спортски зони на отворено опремени со најсовремена фитнес опрема, наменети за употреба на сите граѓани.

„Со проектот „Coca-Cola Активни Зони“ ја продолжуваме долгогодишната мисија и традиција на Пивара Скопје и Кока кола за промоција на спортот и редовната физичка активност. Во рамките на овој значаен проект, денес во Општина Струмица, поддржани од локалната самоуправа и организацијата ‘‘Отворени забавни фудбалски школи‘‘, ја отворивме и втората Активна Зона во Македонија. Особено ни е драго што и граѓаните на Струмица добиваат можност да се рекреират и спортуваат во текот на целиот ден. Летово ќе продолжиме со реализација на проектот “Coca-Cola активни зони”, кој е од огромно значење за зголемувањето на физичката активност кај сите граѓани.”, изјави г-дин Јован Радосављевиќ, Генерален Директор на Пивара Скопје АД.

coca cola strumica 2

„Особено ни е драго што Општина Струмица е дел од овој проект кој на граѓаните им овозможува простор за рекреација и редовно спортување. Со поставувањето на Кока кола активната зона во Струмица го зајакнуваме нашето партнерство со Пивара Скопје и Кока кола компанијата и заедно продолжуваме да работиме кон создавањето здрави животни навики кај сите категории на граѓани.“ – изјави г-дин Зоран Заев, градоначалник на Струмица.

Активните зони се состојат од 5 професионални фитнес справи и голови за мал фудбал поставени на соодветни локации на отворено и ќе бидат 24 часа достапни за користење.

Проектот е дел од глобалната платформа за промоција на здрав и активен живот на Кока кола и е одлична комбинација на спорт, забава и дружење како основа за создавање здрави животни навики кај граѓаните. Ова лето, покрај Скопје и Струмица, активни зони ќе бидат отворени и во Прилеп, Тетово и Охрид.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com