HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Вооружан бугарин со тенк се изживува врз мигранти

Видео: Вооружан бугарин со тенк се изживува врз мигранти

Спортска душа за ловење луѓе. За Динко Валев „ловењето” мигранти претставува спорт, а лично поседува и тешка артилерија со која патролира низ градот. Со две оклопни возила, 29-годишниот бугарин буквално лови илегални мигранти во близина на границата со Турција. Полошо и позастрашувачки е тоа што голем дел од јавноста позитивно го прифати неговата идеја да лови живи луѓе, па тој си зел за право да регрутира уште луѓе за да ја прошири својата “одмаздничка” операција, а Динко Валев дури се пофали дека му се јавувале луѓе со велосипеди и кучиња за да му помогнат да лови илегални мигранти.

Бугаринот оди до тој степен, што бара бугарската влада да го спонзорира и да му плати за секој фатен мигрант. Неговите жртви се мажи, жени и деца кои бегаат од Сирија. Валев признал дека знае да ги повреди неговите заробеници.

Велев се дрзна да рече – “Би го опишал тоа како еден вид на спорт. А за спортист не можете да кажете дека е насилен”.


Исто така тој заедно со група луѓе одат во лов и на коњи. Кога ќе ги улови, Валев тврди дека мигрантите ги предава на полицијата. Меѓутоа, Хелсиншкиот одбор за човекови права го смета Валев за криминалец, а неговите акции за незаконски, па бара од полицијата да ја прекине соработката со него. Останува да видиме што ќе се случи.

Во продолжение видете го видеото, кое беше споделено на неговиот фејсбук профил.

Napadnaxa me s dumi nqkvi za alax no dobre che imam opit i….

Posted by Dinko Valev on Sunday, February 14, 2016

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com