HomeДЕНЕШНАСветВидео: Воен Су-27 се урна во околината на Москва, приземјена цела руска флота

Видео: Воен Су-27 се урна во околината на Москва, приземјена цела руска флота

Руски воен ловец-бомбардер Су-27 се урна во околината на Москва при тренажен лет, а пилотот загинал, потврди за медиумите руското Министерство за одбрана. Руското министерство потврди дека авионот паднал во шумски регион при враќање во базата од тренажен лет.

Се истакнува дека при падот не дошло до експлозија бидејќи во авионот немало оружје. Тасс јавува и дека се разгледуваат две верзии за падот на леталото – грешка на пилотот или откажување на мотор. Агенцијата пишува дека станува збор за авион Су-27 од пилотската група „Руски витези“. Претходно извор од службата за вонредни ситуации за РИА Новости изјави дека телото на загинатиот пилот било најдено покрај остатоците на авионот.

Командантот на руското воено воздухопловство Виктор Бондарев нареди да се приземји целата флота Сухој 27 додека не се утврди причината за уривањето на авионот.

Проценките се дека руската армија околу 300 авиони Су-27. Авионот што денеска се урна беше дел од познатата акробатска пилотска група Руски витези кои во минатото често учествуваа во воени паради над Црвениот плоштад во Москва.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com