HomeАЈНШТАЈНИЈАКосмосВидео: Блесок на небото над Кипар, жителите бараат одговори

Видео: Блесок на небото над Кипар, жителите бараат одговори

Кипарската полиција била „затрупана“ со пријавите на жителите дека небото сред ноќ оддеднаш се осветлило и потоа се слушнале громогласни експлозии. Луѓето пријавувале дека виделе чуден блескав предмет над планинскиот венец Троодос, ноќта меѓу четвртокот и петокот. Жителите на тоа подрачје велат дека на небото виделе зелно бело светло, а потоа силна, експлозија која ја потресла земјата.

Јорданис Димитријадис, портпаролот на Геолошката служба на Кипар изјави дека е не е најден доказ дека предмет од вселената паднал на Земјата.

„Ако извештаите за метеорот над Тродос се точни, веројатно е дека тоа беше некој голем камен и дека експлодирал високо на небото, а парчињата се распрснале. Сепак полицијата била испратена во потрага за остатоците од метеороот“, изјави Димитријадис.


Податоците на американската агенција НАСА покажуваат дека 13,500 вселенски карпи, вклучувајќи и астероиди и комети од сите облици и големини се пребројани на оддалеченост до 50 милиони километри од Земјината орбита. 30 такви предмети годишно стигнуваат до земјата, но изгоруваат во нејзината атмосфера. Многу од метеорите кои ќе паднат на Земјата се неприметени и воглавно поради тоа што паѓаат во океанот или во некој ненаселен крај.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com