HomeДЕНЕШНАСкопјеВидео: Бетонирани изборите на 5-ти јуни, единствената опција пречкртана

Видео: Бетонирани изборите на 5-ти јуни, единствената опција пречкртана

Шарената револуција не спие. Денеска пред Собранието, револуционерите направија уште една герила акција. Тие ги „бетонираа“ предвремените парламентарни избори кои беа закажани за денеска, но по бојкотот на поголем дел до партиите тие се одложија. Со бетон, гласачка кутија и свечена лента активистите пред Собранието симболично отворија гласачкo бетонирано место. Единствениот граѓанин кој „гласаше“ го пречкрта Груевски.

Акцијата е пародија на најавите на екс-премиерот Никола Груевски, кој пред четири месеци соопшти дека прифатил одложување на изборите закажани за април, бидејќи добил цврста поддршка од меѓународната заедница за финален датум за избори, 5-ти јуни.

видео: новатв.мк

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com