HomeАНТИСТРЕСШтосноВидео: Американците не знаат зошто го слават 4-ти јули

Видео: Американците не знаат зошто го слават 4-ти јули

Четврти јули е голем празник за Америка. Сепак, голем дел од Американците не знаат ништо за Денот на независноста.
Овој празник се прославува по повод усвојувањето на декларацијата на независност донесена на 4 јули 1776 година, по што 13 американски колонии стануваат нова нација која не е повеќе дел од Британската империја.

Секако, во Америка е неработен ден, па Американците по тоа знаат дека всушност нешто слават. Марк Дајс објави ново видео во кое ги прашува случајните минувачи покрај плажа во Сан Диего дали знаат зошто го прославуваат празникот, од кого земјата прогласила независност, која година е потпишана независноста и слични прашања.

Одговорите се различни, но имаат една заедничка работа – непознавањето на сопствената историја.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com