HomeДЕНЕШНАПолитика(Видео) Спасовски: Дали Чавков лаже дека Горан Грујовски е на боледување?

(Видео) Спасовски: Дали Чавков лаже дека Горан Грујовски е на боледување?

„Денеска ќе го отворам прашањето, дали министерот за внатрешни работи, Митко Чавков го брани началникот на петтата управа Горан Грујевски, кој е под истрага на СЈО“, изјави Оливер Спасовски, Генерален Секретар на СДСМ.

„Чавков тврди дека против Грујовски, осомничен за уништување системи за нелегално прислушување не може да преземе соодветни правни постапки, затоа што Горан Грујевски бил на боледување.

Ова е аргумент контра тврдењата на Чавков. Ова е извод од Управата за јавни приходи од којшто може да се види дека Горан Грујевски прима целата плата! Овој документ упатува на тоа дека Грујевски не е на боледување, а министерот Чавков лаже“.

Grujevski-2

Grujevski 1

„Порачуваме дека оваа криминална власт е во заминување и дека секој кој работел противзаконски или бил соучесник, многу брзо ќе се најде пред лицето на правдата“, изјави Спасовски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com