HomeДЕНЕШНАПолитикаВељаноски со одврзани раце од Уставниот суд закажа седница на Собранието

Вељаноски со одврзани раце од Уставниот суд закажа седница на Собранието

Откако Уставниот суд донесе одлука за стопирање на сите изборни активности повеќе нема никакви правни пречки да се вратат пратениците во Собранието и да ја продолжат политичката дебата за иднината на државата, па оттаму следи и решението на Трајко Вељаноски.

„Како претседател на Собранието на Република Македонија, имајќи го во предвид решението на Уставниот суд, У.бр.104/16 од 18 мај 2016 година, ја информирам македонската јавност дека врз основа на сопствените надлежности дефинирани со Уставот на државата, за денес, 18 мај 2016 година во 16 часот ја закажав 101 седница на Собранието на Република Македонија. Исто така, сакам да го изразам своето длабоко уверување дека натамошниот развој на демократските процеси во Република Македонија најдобро може да се оствари во Парламентот на Македонија заради што ги повикувам сите пратеници независно од политичката определба да земат свое активно учество“ посочи Вељаноски.

Истовремено, го изразувам и своето силно уверување дека единствено преку постојано надоградување на меѓусебните односи помеѓу сите релевантни чинители во Државата, на најдобар можен начин ќе се помогне во насока на остварување на носечките македонски стратешки приоритети какви што несомнено се, членството во НАТО и ЕУ, унапредувањето на стратешките односи со САД, како и создавањето на сите неопходни претпоставки за економски, социјален и сеопшт развој на Македонија, стои во соопштението на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com