HomeДЕНЕШНАПолитикаВељаноски повторно се вади на Уставот за да не го свика Собранието

Вељаноски повторно се вади на Уставот за да не го свика Собранието

Трајко Вељаноски, актуелниот претседател на Собранието на Република Македонија, повторно посочи дека нема уставна и правна основа да закаже нова седница на која би присуствувале пратениците кои веќе се распуштија.

„Ја следам ситуацијата во Македонија овие два дена. Запознат сум со случувањата и сите тие барања пред Собранието и за самото Собрание и би сакал да го повторам оној општ став познат што го имав досега искажано дека јас немам уставни можности да свикам седница на распуштено Собрание. Тоа е основото правило на еден уставен и правен поредок на која било држава вклучувајќи и ја и Република Македонија“, изјави Вељаноски при посетата на Рим.

Со изборниот законик е предвидено парламентарните избори да се одржат на 5 јуни и иако политичката состојба е апсурдна со учеството само на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата иститие нема да се одложат по ниту една цена.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com