HomeДЕНЕШНАПолитикаВечерва протест и контра-протест во Битола

Вечерва протест и контра-протест во Битола

Битолчани кои веќе неколку дена по ред протестираат против одлуката на Иванов и вечерва ќе го искажат своето незадоволство. Тие бараат оставка од претседателот, повлекување на аболицијата за политичарите, како  и оставка од градоначалникот Талески. Со почеток во 19 часот пред Офицерскиот дом во Битола, ќе одлучуваат за нивните понатамошни чекори.

Наспроти овој протест се организира уште еден контра-протест, на другата страна на битолски  Широк Сокока, во исто време,  на плоштадот Магнолија, од  Граѓанксото движење за одбрана на Македонија. Тие ќе бараат одржување на изборите на 5-ти јуни.

Синоќа битолчани го изразија својот револт пред домот на градоначалникот Владимир Талески, а денеска од ВМРО-ДПМНЕ побараа демонстрантите да останат подалеку од нивните домови.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com