HomeДЕНЕШНАСкопјеВечерва планинари ќе го „Осветлат Скопје“

Вечерва планинари ќе го „Осветлат Скопје“

Ноќното искачување до Милениумскиот крст на Водно под мотото „Осветли го Скопје“ ќе започне вечерва во 19.30 часот. Настанот е со јавен карактер, што значи на оваа вечерна прошетка може да учествуваат сите оние кои мислат дека имаат доволно кондиција да се искачат до Милениумскиот крст.

Патеката по која ќе се пешачи е долга 5 километри и потребни се околу 1,5 до 2 часа. Собирното место од каде и се стартува е основното училиште „Кочо Рацин” во 19:15 часот, а на истото место завршува настанот најдоцна до полноќ.

Задолжителна опрема е соодветни чевли за пешачење, фенерче, топла облека, резервна маица, 0,5 литри вода, овошје, и храна по избор, ранец, фотоапарат.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com