HomeФЕР ПЛЕЈВечерва започнуваат Летните Олимписки игри во Рио

Вечерва започнуваат Летните Олимписки игри во Рио

Триесет и првите Летни Олимписки игри започнуваат вечерва, 1:00 часот по полноќ по европско време. Земјата на кафето и самбата им кажа добредојде на 11 илјади спортисти од 206 земји и на околу половина милион туристи. За прв пат во историјата, најголемото спортско натпреварување ќе се одржи на јужно-американскиот континент, а домаќин ќе биде Рио де Жанеиро. Церемонијата на отворањето ќе се одржи на стадионот Маракана.

За прв пат во историјата на Олимписките игри ќе влезе голфот, а по 92 години пауза се враќа и рагбито како олимписка дисциплина.

Според првичните пресметки организацијата на Игрите ќе чини околу 11 милијарди евра од кои шест и пол се инвестирани во подобрување на инфраструктурата на градот.

За прв пат годинава учество ќе земат Косово и Јужен Судан, а Македонија ќе ја претставуваат шест спортисти: пливачите Анастасија Богдановски и Марко Блажевски, атлетичарите Дрита Исљами и Ристе Пандев, стрелачката Нина Балабан и џудистката Катерина Николовска.

Игрите ќе траат до 21 август, кога ќе биде свеченото затворање.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com