HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВенгер доведе напаѓач, „Топџиите“ никогаш не слушнале за него?!

Венгер доведе напаѓач, „Топџиите“ никогаш не слушнале за него?!

Информациите од Шпанија велат дека Арсенал практично ја завршил работата околу доведувањето на Лукас Перез, напаѓач од Ла Коруња. Ова момче, кое одигра одлична мината сезона беше и на мета на Барселона, но остана во овој клуб. Сега шпанските меидуми тврдат дека Арсенал е на добар пат да го договори овој трансфер и дека Депортиво ќе прифати 20 милиони евра за продажба на својот најдобар фудбалер.

Минатата сезона искусниот напаѓач постигна 17 погодоци. Има 27 години и ако потпише за Арсенал тоа ќе биде шанса за неговата кариера, но, навивачите ќе го дочекаат со големи сомневања. „Доколку го знаете Лукас Перез наведете барем три негови песни“. „Со големо нетрпение го очекувам моментот кога ќе промаши празен гол во Лига купот“. „Веќе имаме просечни напаѓачи, сега конкуренцијата е посилна за уште еден просечен напаѓач“, гласат некои од коментарите поврзани со овој трансфер на социјалните мрежи.

Во секој случај, тој би можел и да ги изненади, но навивачите очекувале позвучно име, јавноста веќе го прогласува овој потег на Венгер за „очаен“ бидејќи не успеа да дојде до своите примарни цели ова лето.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com