HomeАНТИСТРЕСХуманостВелодарност со добротворна акција, средствата ќе ги однесе со велосипеди

Велодарност со добротворна акција, средствата ќе ги однесе со велосипеди

Хуманитарната организација Велодарност најави акција за собирање на неопходни средства кои потоа ќе бидат доставени до погодените од силното невреме и упатија повик за донации од граѓаните.

velo-4-

„Секој колку што може нека ги наполни ранците и бисаѓите со неопходни средства: нерасиплива храна, хигиенски средства, облека, вода (иако рекоа дека не е толку неопходна), а оние кои не можат да дојдат, а сакааарт нешто да остават да однесеме нека повелат од 16:30 до 17:00 на добро познатото место: паркингот пред поштата кај Железничка“, повикаа од Велодарност.

Собраните средства, храна, лекови, санитетски препарати со велосипеди ќе бидат доставени до Стајковци и Сингелиќ, а активистите ќе се вклучат и во расчистување на теренот доколку е потребно.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com