HomeРЕФЛЕКТОРТеатарСо величествената „Аида“ завршуваат Мајските оперски вечери

Со величествената „Аида“ завршуваат Мајските оперски вечери

Утре завршуваат Мајските оперски вечери, а по тој повод во Македонската опера и балет со почеток од 20 часот ќе биде изведена оперската претстава „Аида“ од Џузепе Верди.

Приказна за забранетата љубов меѓу еден генерал и една робинка во Стариот Египет. Најгранадиозната од сите опери, Аида, воедно е и длабоко лична приказна каде страста во емоциите кулминира со нашите.

Оперската претстава е во режија на Дејан Прошев, а настапуваат Весна Ѓиновска-Илкова во насловната улога,Дина Хамзина (Казахстан), Радамес: Рубенс Пелицари(Италија) , Рамфис: Игор Дурловски, Амонасро: Марјан Јовановски, Фараон: Кацухиро Котецу(Јапонија), Голема свештеничка: Надежда Рубен, Гласник: Марјан Николовски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com