HomeГИГА БАЈТВеднаш променете ги лозинките: Хакирани читачите на кредитни картички на Мајкрософт

Веднаш променете ги лозинките: Хакирани читачите на кредитни картички на Мајкрософт

Хакери ја заразиле со вирус програмата на читачите за кредитни картички на „Мајкрософт“, кои се користат во хотелите и рестораните низ светот, соопшти американската фирма „Оракл секјурити“.

– „Оракл секјурити“ откри и објави постоење на злонамерен код во одредени системи на „Мајкрософт“. Бараме од клиентите веднаш да ги променат лозинките на сите свои сметки – се наведува во соопштението.

„Оракл“ не го открива обемот и тежината на кибер нападот, кој информативниот сајт за компјутерски напади „KrebsOnSecurity.com“ ѝ го препишува на организирана руска криминална група, која е позната по хакирање на банки и трговски објекти.

Во соопштението на „Оракл секјурити“ се додава дека неговите интерни системи и останатите клауд услуги не се пробиени, податоците на платежните картички се кодирани и се преземени зајакнати безбедносни мерки.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com