HomeДЕНЕШНАСветВеганите во Италија бесни на предлог законот за затворска казна за родителите кои не им даваат месо на децата

Веганите во Италија бесни на предлог законот за затворска казна за родителите кои не им даваат месо на децата

Предлог законот кој предвидува затворска казна за родителите кои на своето дете му ја ускратуваат храната од анимално потекло, во Италија покрена огорчена полемика меѓу приврзаниците и противниците на веганската исхрана. Тоа не помина без политички конотации бидејќи предлогот дојде од партијата на поранешниот премиер, Силвио Берлускони.

Законскиот предлог родителите коишто ги присилуваат децата на веганска диета да се казнат, следеше по неколку случаи на хоспитализација, кога беше откриено дека некои деца на возраст од само неколку години биле далеку под просекот од врсниците според телесната тежина, а други имале и тешкотии поради недостигот од некои минерали и витамини коишто организмот ги добива главно преку храната од животинско потекло.

Едната струја тврди дека веганството е само помодарски тренд, а другата дека станува збор за здрав стил на живеење, како и дека рестрикциите за веганите би значело кршење на нивните човекови права.

„Веганската диета сосема е примерен и одржлив тип на исхрана, дури и за децата, доколку ја следат вистински информации за продуктите кои се консумираат и редовни лекарски прегледи“, изјави во врска со минатонеделниот законски предлог на пратеничката Елвира Савино од партијата Форца Италија, претседателот на здружението Анималисти Италијани Валтер Капорале. Додаде дека забранувањето на родителите да ги хранат своите деца со здрава храна во којашто нема состојки од животинско потекло, како што се млекото, месото, јајцата и рибата, би било „бесмислено и нелегално“.

Меѓународната организација за правата на веганите IVRA, ги поддржа италијанските колеги со изјавата во која предлогот на пратеничката Савино го нарекува нечесен и дискриминаторски, и повика тој да биде променет или да биде отфрлен.

Некои италијански експерти за храна во полемиката кој се разви на оваа тема, наведуваат дека нема докази дека веганската диета, која ги исклучува сите продукти добиени од живи суштества, е поздрава од онаа која вклучува храна добиена од животните, но и дека нема докази дека е трајно штетна за здравјето.

„Начинот на исхраната која денес постои на западот, нé изложува на многу поголеми ризици од веганската диета“, ја коментира Андреа Гисели, претседател на италијанското Здружени за наука за храната, за римскиот весник La Reppublicа полемиката за тоа дали веганството е човеково право, како што толкуваат веганите или, пак, само помоден тренд. Според него, вистинската опасноста за здравјето на современиот човек се всушност шеќерот, маснотиите, доколку во организмот се внесуваат во поголеми количества.

Искуствата на родителите се различни, па некои одушевени вегани наведуваат дека нивните веќе израснати деца кои во младоста никогаш не јаделе „невеганска“ храна немаат никакви проблеми и дека се здрави, додека други зборуваат за зголемениот ризик поради премалото внесување на некои витамин и минерали во чувствителен организам во развој кај таквите деца.

Се појавија и политички коментари дека предлогот кој доаѓа од партијата поранешниот премиер Силвио Берлускони е мотивиран од популистичката желба да им се додвори на чувствата на гласачите, а не е поттикна од здравствени причини.

Макфакс

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com