HomeГИГА БАЈТСмартфонВашиот смартфон повеќе нема да може да снима на концерти, кина…

Вашиот смартфон повеќе нема да може да снима на концерти, кина…

Многу фанови снимаат речиси цели концерти, што на музичките ѕвезди воопшто не им се допаѓа. Епл патентира метод за онеспособување на камерите на АјФон било тие да се наоѓаат на музичките концерти, во кината или на некои локации на кои е забрането фотографирање и снимање.

Се работи за инфраред емитер кој се поставува на локација каде е забрането фотографирање и снимање. Тој емитер создава сигнали кои ги блокираат камерите. Кога АјФон ќе го прими сигналот и ќе ги декодира податоците кои тој ги содржи, неговата камера автоматски се блокира.

„Уредот не може да прикажува ниту да снима фотографии ако прими сигнал кој ја онеспособува камерата. Ако корисникот се обиде да ја вклучи камерата, екранот ќе стане црн, а потоа ќе се појави нотификација која јасно зборува дека камерата е онеспособена‟ – се наведува во патентот.

Меѓутоа, треба да се потенцира дека се работи за патент, така што не мора да значи дека Епл некогаш ќе ја имплементира оваа технологија. Ако тоа сепак го направи, публиката ќе мора да ужива во концертите без фотографирање и снимање.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com