HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВарди денес одлучува околу заминувањето во Арсенал

Варди денес одлучува околу заминувањето во Арсенал

Најдобриот напаѓач во Премеир лигата Џејми Варди би требало во понеделникот да донесе одлука околу продолжувањето на својата кариера. Англиските медиуми пренесуваат дека минатата седмица Арсенал ја активирал откупната клаузула за напаѓачот на актуелниот англиски шампион Лестер Сити. „Топџиите“ се подготвени да платат сума од 20 милиони фунти за човекот кој пред само четири сезони се натпреваруваше во полуаматерски ранг.

Се очекува Варди одлуката околу заминувањето во Арсенал да ја доенсе денес, пред репрезентацијата на Англија да отпатува во Франција каде почнувајќи од 10 јуни ги очекува настап на Европското првенство. Варди во февруари потпиша тригодишен догвор со Лестер реден 20.000 фунти неделно. Постигна 24 погодоци во Премиер лигата минатата сезона и беше најзаслужен за историската победа на „Лисиците“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com