HomeФЕР ПЛЕЈФудбал„Вардар“ ќе ја отвори најсовремената фудбалска Академија во Македонија

„Вардар“ ќе ја отвори најсовремената фудбалска Академија во Македонија

Свечено во недела, на 15-ти овој месец, за прв пат во историјата на македонскиот фудбал, ќе биде отворена првата фудбалска Академија, „Вардар“. Објектот свечено ќе биде отворен од сопственикот, господинот Сергеј Самсоненко, а на отворањето ќе присуствуваат 1000 дечиња од Академијата заедно со своите родители.

Истиот ден ќе биде поставен и камен-темелник на вториот дополнителен објект, кој ќе ја надополнува како целина Фудбалската Академија. Истиот ќе располага со фан-шоп на ФК „Вардар“, музеј за спортскиот клуб, кантина за релаксација на родителите и подземен паркинг, најавуваат од Академијата.

Сите услови што ги нуди Академијата одговараат со високите стандарди на професионалните клубови од светски ранг. Академијата на ФК Вардар е подготвена за создавање на врвни фудбалери кои во иднина ќе ги гледаме во ФК Вардар, репрезентацијата на Македонија или во некои големи европски клубови.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com