HomeДЕНЕШНАСветВан дер Белен е новиот претседател на Австрија

Ван дер Белен е новиот претседател на Австрија

Австрија го доби својот нов претседател по вториот претседателски круг, а како победник излезе Александер Ван дер Белен, независниот кандидат, поддржан од Партијата на зелените.

Според австријските медиуми, Ван дер Белен освоил 51,93 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат, Норберт Хофер од екстремно десничарската Слободарска партија на Австрија (ФПО) добил 48,07 проценти. Новиот претседател треба да ја преземе претседателската должност на 8 јули, за кога е закажана свечената церемонија на полагање заклетва.

Ова воедно беа и најнеизвесните претседателски избори во историјата на земјата, бидејќи победникот е добиен дури откако се преброени и гласовите на оние Австријци кои гласале преку пошта, чиј вкупен број изнесуваше 885.437.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com