HomeАНТИСТРЕСЖурки„Ван Гог“ ја запали Крива Паланка на петото по ред јубилејно издание на „JoyFest“ (ГАЛЕРИЈА)

„Ван Гог“ ја запали Крива Паланка на петото по ред јубилејно издание на „JoyFest“ (ГАЛЕРИЈА)

Синоќа се одржа петото по ред јубилејно музичко идание на „JoyFest“ на градскиот плоштад во Крива Паланка, а главна ѕвезда на вечерта беше легендарната српска рок група „Ван Гог“. Илјадници присутни, одлична атмосфера, за целиот овој прекрасен амбиент покрај „Ван Гог“ се погрижија и кривопаланечката рок група „Stop“, како и групата „Машина“ со своите одлични хард-рок рефрени, „RGB“ кои направија предпромоција на својот студиски албум, за вистинското загревање пред кулминацијата и спектаклот кој следеше од страна на српската рок група да ни го приреди македонската група „Ареа“.

3

4

5

6

Спектакуларен настап, врвно однесување на сцена како да се работи за вистински светски концерт, на тој начин се однесуваа славните „Ван Гог“, а публиката со позитивни вибрации и многу љубов им враќаше на одличната свирка која овој бенд ја понуди. Од почетокот и песната „Скачем скачи“, па се до македонската верзија од песната „Ангеле мој брате“, публиката беше на нозе и заедно со нив ги пееше добро познатите хитови.

2

7

IMG_2792

IMG_2796

Сепак, журката не заврши овде, „Ареа“ беше загревање и најава за она што подоцна следеше, а добро познатиот македонски ди-џеј Гоце Саф се погрижи гостите да останат на местото на настанот до раните утрински часови, пуштајќи одлична музика во продолжение и беше вистинско освежување после феноменалните „Ван Гог“.

Автор: Михаило Донев

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com