HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВан Гал: Сметам дека би требало да останам

Ван Гал: Сметам дека би требало да останам

Foto: Getty Images

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Луј Ван Гал смета дека би требало и наредната сезона да остане на клупата на „Црвените Ѓаволи“. Холанѓанецот пред две сезони потпиша тригодишен договор со Манчестер Јунајтед, но поради лошите резултати оваа сезона се повеќе се шпекулира дека тој ќе биде заменет. „Веќе изјавив дека би требало да останам овде, тое е мое мислење, сепак од клубот треба да одлучат дали и следната сезона ќе останам овде“, изјави Ван Гал.

„Можеме да го освоиме Фа купот, а и понатаму сме во игра за Лигата на шампионите. Колку тимови можат да се пофалат со тоа? Не многу. Наша цел е да се квалификуваме во Лигата на шампионите, секако дека Јунајтед мора да биде шампион, знам какви се очекувањата овде, но мораме да бидеме и реални“, додаде Холанѓанецот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com