HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВан Гал краток: Готово е

Ван Гал краток: Готово е

Сите англиски медиуми во саботата објавија дека Жосе Мурињо ќе го наследи Луј Ван Гал на клупата на Манчестер Јунајтед, но се уште нема потврда околу тоа. Клубот од Олд Трафорд не објави ништо околу овие шпекулации, но кратката изјава на Ван Гал дава до знаење дека неговите денови во Јунајтед се избројани.

Холанѓанецот на новинар на Скај Спорт по излегувањето од хотелот во недела наутро само на кратко изјавил: „Готово е“. Јунајтед во саботата навечер го освои Фа Купо победувајќи го Кристал Палас со 2:1, па Ван Гал би можел да го напушти Олд Трафорд со стил, иако зад себе имаше неуспешна сезона.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com