HomeДЕНЕШНАПолитикаВалдет Џафери го демантира Миновски – Правда не дала мислење за еврообврзницата

Валдет Џафери го демантира Миновски – Правда не дала мислење за еврообврзницата

Министерот за правда, Валдет Џафери, за 24 Вести посочува дека Министерството за финансии не побарало правно мислење за издавање на еврообврзницата, а како преставник на Министерството за правда е единствено министерот, ова доаѓа по обвинувањата на СДСМ дека е сторено кривично дело при издавање на еврообврзницата без мислење од Министерството за правда за нејзината правна издржаност.

Oд СДСМ и денеска го прозиваа Џафери, велат тој ќе го прекрши законот и ако ја потпише еврообврзницата по задолжувањето од 450 милиони евра како што најави Миноски.

Министерот за правда мора да има предвид и дека ставката странски задолжувања во Буџетот за 2016 е 370 милиони евра што значи дека во Буџетот не е планирано новото историско финансиско задолжување кон коешто предизборно посегна власта на Груевски, а ребалансот на Буџетот се уште не е усвоен во Собранието на Р.Македонија. се вели во соопштението за јавноста на СДСМ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com