HomeРЕФЛЕКТОРФилмВака изгледа Камбербач во филмот „Doctor Strange“

Вака изгледа Камбербач во филмот „Doctor Strange“

Трејлерот за најновиот филм на британскиот актер Бенедикт Камбербач „Doctor Strange“ беше прикажан на фестивалот на научна фантастика „Комик кон“ во Сан Диего, во САД. Бенедикт Камбербач ја толкува улогата на Винсент Стрејнџ, поранешен неврохирург кој станува врвен магионичар и заштитник на планетата земја од магични и мистични закани.

Во филмот, покрај Камбербач, играат и Тилда Свинтон, Рејчел Макадамс, Мадс Микелсен, Чуетел Еџиофор. Режијата на ова остварување ја потпишува Скот Дериксон. Премирата на филмот „Doctor Strange“ е закажана за 4 ноември 2016 година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com