HomeДЕНЕШНАСветБуш Сениор ќе гласа за Хилари Клинтон, не може да го поднесе Трамп

Буш Сениор ќе гласа за Хилари Клинтон, не може да го поднесе Трамп

Прв претседател од семејството Буш иако со децении е член на Републиканската партија на САД на следните избори сепак, ќе гласа за Хилари Клинтон од спротивната Демократска партија бидејќи не може да ја поднесе помислата дека Трамп би владеел со земјата.

За потсетување Буш Сениор имаше само еден мандат во Белата куќа кој беше одбележан од првата инвазија на Ирак во одбрана на територијата на Кувајт и нафтените полиња, задача која неговиот многу попопуларен и понеобожуван син ја доврши со целосната инвазија на Ирак и Авганистан. Токму интервенционистичката политика која ја застапува и Хилари им е заедничка со кланот Буш иако некогаш беа главни политички непријатели со кланот Клинтон.

Оваа одлука е секако огромен удар врз кампањата на Доналд Трамп кој речиси и да нема никаква поддршка од етаблираните политичари на Републиканската партија, меѓу кои сенатори, гувернери и екс претседателски кандидати ќе гласаат токму за Клинтон како поприфатлива опција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com