HomeДЕНЕШНАРегионБугарија ја изрече првата казна за носење бурка

Бугарија ја изрече првата казна за носење бурка

Минатата среда стапи на сила забраната на носење бурки во Бугарија, а денеска е изречена првата казна. Се работи за жена на возраст од 30 години од ромското маало Исток во Пазарџик. Според одлуката на општинските советници глобата за прв ваков прекршок е 300 лева, а за секој нареден ќе се плаќаат по 1000 лева. Полициска патрола ја казнила жената на крстосница во населбата Исток.

Бурката е забранета во Пазарџик, Стара Загора, а за истата мерка размислуваат повеќе општини во земјата. Целта е да се спречи ширењето на радикалниот ислам во Бугарија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com