HomeДЕНЕШНАЕкономијаБугарија и Русија ќе го „воскреснат“ Јужен тек

Бугарија и Русија ќе го „воскреснат“ Јужен тек

Бугарија и Русија се договориле за „воскреснување“ на откажаниот гасовод Јужен тек преку Црното море и изградба на нуклеарната електрана Белене, пренесе Блумберг. „Бугарија и Русија се договорија за формирање на работни групи кои ќе најдат начин за обновување на работата на двата енергетски проекти“, изјавил бугарскиот претседател Борисов во Варна, откако на 5 август телефонски разговарал со Путин.

За тие проекти, Борисов разговарал и со Европската комисија, а проектите, ќе бидат направени во согласност со прописите на ЕУ. „Соочени сме со тешки судски процес поради меѓувладини договори за гасоводот Јужен тек, кои се потпишани во 2006 пред ЕУ да воведе нов барања за енергетската индустрија“, рекол Борисов.

Руски Гаспром во 2014 година ја откажа изгрдабата на Јужен тек преку кој природен гас требаше да носи до јужните земји на Европа преку Црното море, откако ЕУ ја примора Бѕгарија на повлекување од тој проекти, бидејќи тој гасовод, како што е соопштено, ги прекршувал европските прописи за конкуренција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com