HomeДЕНЕШНАРегионБугарија главен извор на амфетамин за Балканот и Западна Европа

Бугарија главен извор на амфетамин за Балканот и Западна Европа

Во повеќе извештаи на безбедносните агенции кои се бават со борба со дрога наведуваат дека Бугарија е еден од главните извори на синтетички дроги во Европа, од кои најзастапен е амфетаминот.

„Холандија и Белгија се најважните области за производство на амфетамини во Европа, но тие се произведуваат исто во Бугарија, Полска, Германија и балтичките земји”- се вели во извештајот на Европскиот центар за следење на дрогата и наркотични зависности.

Бугарските власти соработуваат и со Американската агенција за борба со дрогата, особено во делот на сузбивање на лаборатории за креирање на синтетички дроги. Во Бугарија најчесто се користи марихуаната, додека пак синтетичките дроги се наменети за „извоз“, па добар дел од нив завршуваат и на македонскиот нарко пазар.

 

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com