HomeДЕНЕШНАРегионБугарија во потрага по работна сила од странство

Бугарија во потрага по работна сила од странство

Наближува летната туристичка сезона, а Бугарија има проблем со недоволно персонал за работа во туристичките објекти покрај брегот на Црно Море. Оваа ситуација во туризмот се повторува со години наназад и надлежните веќе сериозно размислуваат да најмат работна сила од други држави, кои имаат право на работна виза од 3 месеци.

Според податоците од Агенцијата за вработување, од објавени  8.000 слободни работни места за наредната летна сезона, пополнети се само 1.000, и покрај повеќе спроведени обуки и курсеви. Речиси секој втор објект во Сончев Брег има потреба од персонал, а особено има недостиг од искусни туристички работници. Најбарани професии се: собари, келнери, готвачи, бармени и администратори во хотел.

Голем број од работодавците го занемаруваат квалитетот на работниците се со цел да не останат без персонал.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com