HomeДЕНЕШНАРепубликаБроевите за авансна отштета на поплавените постојано зафатени

Броевите за авансна отштета на поплавените постојано зафатени

Броевите на кои министерството за финансии треба да рима повици од пополавените граѓани, постојано се зафатени. Дел од поплавените семејства никако не можат да стапат во контакт со надлежните за да ја добијат авансната помош од 500 евра. Дополнителен проблем им е што постојано треба да бидат покрај телефонот, иако имаат многу работа околу расчистувањето на куќите и дворовите. Позитив.мк се обиде да воспосави врска со сите четири броеви, но безуспешно.
Жителите од поплавените подрачја се плашат дали ќе успеат да ја приват штетата, со оглед на тое што рокот завршува утре во 19 часот.

Од Министерството за финансии пак велат огромниот број повици ја блокиале телефонската централа. Исто така, Министерството за финансии ги известува граѓаните дека можат да пратат и смс порака со име и презиме и име на банка до надлежните во Министерството за финансии на следниот број: 070 271 410. Податоците и нивниот телефонски број за контакт, граѓаните можат да ги достават и на следната е-пошта: finance@finance.gov.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com