HomeДЕНЕШНАРепубликаБродот амбуланта нема да плови ниту ова лето

Бродот амбуланта нема да плови ниту ова лето

Бродот амбуланта, кој функционираше во рамки на Единицата за безбедност на вода при општинската организација на Црвениот крст од Охрид и оваа година нема да може да придонесе за зголемување на безбедност на капачите и учесниците во водниот сообраќај на Охридското Езеро, бидејќи не се обазбедени средства за негово функционирање – пишува OhridNews.

„Пловилото кое беше соодветно опремено и кое што го користевме нема технички проблеми, но трето лето по ред, нема функционира поради тоа што е скапо неговото опслужување. Околу три години ние се трудевме го работевме пловилото со цел да ги поттикнеме надлежните институиии да сфатат колку тоа е неопходно, колку е од корист на работата на спасителите и колку истото овозможува брз и ефикасен транспорт на повредени од поодалечените и непристапни плажи“, вели Сашо Точков претседател на Црвениот крст од Охрид.

Тој објасни дека во врска со функционирањето за Бродот амбуланта се обратиле до повеќе институции, но не добиле повратен одговор.

„За жал не наидовме на разбирање, никој не се понуди од институциите да обезбеди гориво, а тоа е единствениот трошок. Луѓето кои што се дел од спасувачкиот и медицинскиот тим кои го опслужуваа бродот се волонтери и доколку се обезбедеа средства за гориво ќе продолжеа и понатака да работат“, нагласува Точков.
tocovТој додаде дека годинава се обиделе до Охридската локална самоуправа односно до Секторот за туризам и локален економски развој да иницираат Проект за набавка на едно такво специјално пловило, но се уште немало конкретни информации.

Точков информираше дека како и секоја летна сезона, така и оваа, Единицата за безбедност на вода при охридскиот Црвен крст ќе се грижи за безбедноста на Охридското Езеро со четири патролни чамци, со патролно возило и со тимови на прва помош кои со велосипеди ќе бидат распоредени по плажите кои се тешко достапни.

Инаку Бродот амбуланта беше пуштен во употреба во 2011 година, а за неговото опремување Охридската локална самоуправа тогаш издвои околу 600.000 денари.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com